СЛАВЧО ПОПОСКИ:НЕВРЕМЕ И ОЛУЕН ВЕТЕР ДО 100 KM/ЧАС ,ГРМЕЖИ И СНЕГ

СЛАВЧО ПОПОСКИ:НЕВРЕМЕ И ОЛУЕН ВЕТЕР ДО 100 KM/ЧАС ,ГРМЕЖИ И СНЕГ

2069
0
Сподели

Силен и длабок циклонски систем ќе биде виновникот за денешната голема и НАГЛА промена на времеската состојба кај нас. Многу е важно да се каже дека воздушниот притисок во центарот на овој силен циклон ќе изнесува дури 988 htp.

Најпрвин многу ќе затопли и истото затоплување ќе трае МНОГУ КРАТКО до вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден НАГЛО и МНОГУ ќе залади поточно температурите ќе паднат дури за околу 15 степени за многу кратко време.

Врнежите од дожд од западните предели ќе се префрлат и во останатите предели на државава а најпрвин снег ќе врне само на повисоките планини каде снежната покривка постојано ќе расте. Навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (четврток) поради наглото големо заладување снежната граница значително ќе се спушти и на повеќе места врнежите од дожд ќе поминат во снег.

На повисоките места и на планините како и на скијачките центри снежната покривка постојано ќе расте а тенка снежна покривка можно е да се формира и во некои од котлините претежно на северот и западот на државава.

Поради судирот на значително топлиот воздух од југ и многу студениот воздух од север можна е и локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и услови за редок град.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН на моменти локално и ОЛУЕН ветер најпрвин од југозападен а потоа од западен правец кој локално ќе достигнува брзина дури до околу 100 км/час.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ваквата ситуација ве предупредуваме да бидете крајно претпазливи каде се движите а вашите автомобили да ги заштитите односно да не ги ставате во близина на дрвјата со цел да не дојде до несакани ситуации поточно штети.

Со ова нашата држава влегува во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА.