Наскоро звучници со можност да лебдат?

Наскоро звучници со можност да лебдат?

1670
0
Сподели

Корејската компанија LG Electronics со нова иновативна идеа ќе се појави на на Меѓународниот саем за потрошувачка електроника CES 2017 кој што ќе се одржува во Лас Вегас,САД.
LG Electronics ќе понуди бежични звучници кои што ќе лебдат над својата платформа, ќе нудат одличен звук, а истовремено поради прекрасниот дизајн, ќе нудат и вистинско „визуелно доживување“.

Лебдечките звучници на LG ќе левитираат со помош на електромагнетите сместени на платформата, а поради тоа каблите ќе бидат потполно непотребни. Кога батеријата на звучниците која што ќе има капацитет од 10 часа ќе започне да се празни, овие паметни звучници автоматски е се спуштат на платформата, без интервенција на корисникот или прекинување на звукот.

Звучниците се компатибилни со IPX7 стандардот што значи дека се отпорни на вода и прашина и ќе можат да се користат и во надворешни услови. За на корисниците да им бидат овозможени дополнителни погодности, уредот има и Multipoint технологија која што овозможува преку Bluetooth со звучникот да се поврзат истовремено два уреди.