Boeing го претстави новото одело за астронаутите (ВИДЕО)

Boeing го претстави новото одело за астронаутите (ВИДЕО)

2395
0
Сподели

Boeing ги претстави новите одела за астронаутите кои од август 2018 година ќе патуваат кон Меѓународната вселенска станица со леталото Starliner.

Оделото не е создадено за вселенски прошетки и ќе се користи по потреба, во случај на нарушување на притисокот во внатрешноста на леталото. Неговата најголема предност е неговата тежина која е помала за 4,5 килограми во однос на моделот што се користеше во Space Shuttle леталата.

Дел од оделото е и новиот шлем кој има поедноставна технологија за прицврстување, а е опремен и со поликарбонатски визир кој има поголем видокруг. Исто така, ракавиците лесно се вадат, па астронаутите ќе можат полесно да ги користат инстументите.

Тоа е опремено со вентилационен систем кој го лади корисникот додека истовремено го одржува нормалниот притисок.

Boeing CST-100 Starliner е едно од двете летала на прватни компании што се изработуваат по нарачка на НАСА. Второто летало е Dragon на Space X кое треба првпат да се искористи во мај 2018 година.