Победа над Црна Гора за “билет” во Вараждин

Победа над Црна Гора за “билет” во Вараждин

1821
0
Сподели

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот ја има втората епизода од Европското првенство во Хрватска. Избраниците на селекторот Раул Гонзалез како нов предизвик за противник ја имаат селекцијата на Црна Гора.

Овој меч за двете репрезентации е од клучно значење. Македонија веќе има два бода од победата против Словенија и сега треба да освои најмалку еден бод, односно да одигра барем нерешено, за сигурно да биде меѓу патниците во втората фаза од шампионатот.

Доколку Македонија успее во својата намера, по третото коло и дуелот со Германија, следи селење во Вараждин. Тоа е добро познат град за нашата репрезентација, ако се знае дека во 2009 година, таму одигравме неколку незаборавни меча пред фантастичната публика.

За разлика од Македонија, Црногорците најавуваат дека нивната мисија на ова ЕП е да се победи четата предводена од капитенот Кирил Лазаров. Во првото коло, Црна Гора убедливо загуби од Германија, но на тој дуел делуваа како да се чуваат за средбата против Македонија.

Двете селекции се со свои калкулации и желби. Останува вечерва во „Арена“ во Загреб да видиме кој ќе се радува