РАДОВИШ ОСТАНА БЕЗ НОТАР!!!

РАДОВИШ ОСТАНА БЕЗ НОТАР!!!

4537
0
Сподели

Поради пензионирање на нотарот Стојчев Јован ,кој беше и единствен нотар во Радовиш,гарѓаните на Радовиш останаа без нотар.Постапката за избирање на нотар трае 6 месеци, а Radovish.mk дознава дека има 9 кандидати за нов нотар на Радовиш.Во овој временски период за потерба од нотар   граѓаните на Радовиш ќе мораат да одат во соседните градови Струмица или Штип .Во прилог ви го доставуваме законот за именување на нотар.

(1) Нотарот се именува со решение на министерот врз основа на конкурс.
(2) Конкурсот за именување на нотари го распишува министерот, а го
спроведува Комората која за таа цел формира комисија составена од 5 (пет)
члена.
(3) Во конкурсот се определува подрачјето за кое треба да се именува
нотар. Ако истовремено се распишува конкурс за повеќе нотарски места, во
конкурсот се соопштува можноста дека кандидатите можат да се пријават за
сите огласени нотарски места. Ако кандидатот се пријавува за повеќе нотарски
места, во пријавата може да го наведе приоритетот на местата на кои сака да
биде именуван.
10
(4) Конкурсот за именување на нотари се објавува во “Службен весник на
Република Македонија” и во два дневни весници, од кои еден на јазик и писмо
кој што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија.
(5) Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15
(петнаесет) дена од денот на објавувањето на конкурсот во “Службен весник на
Република Македонија”.
(6) Пријавите со прилозите со кои се докажува дека се исполнети
условите за именување на нотар согласно со членот 11 од овој закон, се
поднесуваат писмено до Комората.
(7) По истекот на рокот од ставот (5) на овој член, Комората е должна
примените пријави да ги достави до министерот, со свое мислење, најдоцна во
рок од 15 (петнаесет) дена од денот на завршување на конкурсот.
Нотарска свечена изјава и повелба за поставување
Член 13
(1) По именувањето нотарот е должен да даде свечена изјава пред
министерот, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и
претседателот на Комората.
(2) Нотарската свечена изјава гласи: “Изјавувам дека нотарската служба
ќе ја вршам совесно, чесно и непристрасно, во согласност со Уставот и
законите на Република Македонија,,.
(3) По давањето на свечената изјава министерот или од него овластено
лице, му предава на нотарот повелба за поставување, а копија од повелбата се
доставува до Комората.
(4) Откако ќе биде доставена копијата од повелбата за поставување,
Комората е должна да го определи датумот кога нотарот ќе започне со работа
и да го објави во “Службен весник на Република Македонија”.
(5) Нотарот е должен да започне со работа во рок од 3 (три) месеци од
објавениот датум за почетокот со работа во “Службен весник на Република
Македонија”, а во спротивно ќе се смета дека воопшто не започнал со работа.
(6) Нотарот може пред истекот на рокот предвиден во ставот (5) на овој
член, да побара од министерот продолжување на рокот за уште 3 (три) месеци,
поради оправдани причини.
(7) Именуваниот нотар се запишува во Именикот на нотари што го води
Комората на објавениот датум за почеток со работа во ,,Службен весник на
Република Македонија“.
Определување на бројот и распоредот на нотарските службени седишта
и службени подрачја
Член 14
(1) Нотарските службени седишта ги определува министерот по
прибавено мислење од Комората, водејќи сметка за тоа на подрачјето на секој
основен суд да биде именуван најмалку по еден нотар.
(2) Ако на подрачјето на основниот суд има до 20.000 жители според
последниот службен попис, треба да има најмалку по еден нотар.
(3) За подрачјето на основните судови со проширена надлежност се
именува најмалку уште по еден нотар.
(4) При определување на бројот на нотарските службени седишта
министерот ќе ги земе предвид и потребите за нотарски услуги и развиеноста
на трговскиот и правниот промет, како и бројот на доверени предмети од
судовите или други органи и бројот на нотарски платни налози.

(5) Бројот и распоредот на службените седишта и службените подрачја
за кое се именуваат нотарите, ги определува министерот.
Осигурување од одговорност за штета
Член 15
(1) Нотарот е должен пред започнувањето со работа да се осигура од
одговорност за штета која би можел да им ја причини на странките и на трети
лица при вршењето на нотарската служба. Во условите за осигурување може
да се предвиди штетата до определен износ нотарот непосредно да ја
надомести.
(2) Најнискиот износ на осигурување изнесува 50.000 евра во денарска
противвредност според средниот курс на Народна банка на Република
Македонија на денот на осигурувањето.
(3) Нотарот кој според извештајот за остварената награда во
претходната година, остварил бруто награда поголема од осигурената сума од
став (2) на овој член, во наредната година се осигурува најмалку на износ во
висина на остварената награда.
(4) При измена на условите за осигурување и висината на износот за
осигурување нотарот е должен, во рок од 30 (триесет) дена, да го усогласи
своето осигурување со изменетите услови и износот и за тоа да ја извести
Комората.
(5) Нотарот е должен уредно да го продолжува осигурувањето од
одговорност за штета.
(6) Осигурувањето од став (1) на овој член го опфаќа и осигурувањето од
одговорност за дејствијата на нотарскиот помошник, нотарскиот стручен
соработник и други вработени во нотарска канцеларија.
(7) Комората може во име и за сметка на нотарите да го организира
осигурувањето од одговорност за штета на сите нотари во Република
Македонија.
(8) Комората може да изврши реосигурување од одговорност за штети на
сите нотари во Република Македонија на товар на нотарите.
(9) Секој нотар е должен во рок од 15 (петнаесет) дена по склучувањето
односно продолжувањето на договорот за осигурување од одговорност за
штета, копија од полисата за осигурување да достави до Комората.
(10) Комората е должна да го извести министерот за редовното
осигурување од одговорност на нотарите.
Постапка за издавање, одземање и поништување на службен печат,сув
жиг, жиг за восок, штембили, потпис и квалификуван сертификат издаден од
овластен издавач (електронски потпис)
Член 16
(1) По давањето на свечената изјава, нотарот е должен без одлагање да
побара од Комората на негов трошок да му биде издаден службен печат, сув
жиг, жиг за восок, штембили и квалификуван сертификат издаден од овластен
издавач.
(2) Отпечатоците од печатот, сувиот жиг, жигот за восок и штембилите,
како и потписот на нотарот ги одобрува претседателот на Комората.
Заверените отпечатоци на печатот, сувиот жиг, жигот за восок и штембилите
како и потписот на нотарот се депонираат во Комората. Примерок од
записникот за одобрениот печат, сув жиг, жиг за восок, штембилите и потписот,
со нивните отпечатоци Комората го доставува до претседателот на основниот
суд на чие подрачје нотарот има седиште и министерот.

(3) Нотарот има само еден службен печат, сув жиг и жиг за восок.
(4) Нотарот е должен својот печат, сув жиг, жиг за восок и штембилите да
ги чува со посебно внимание, а ако ги изгуби е должен веднаш да ја извести
Комората, судот на чие подрачје е неговото седиште и министерот.
(5) За изгубен печат, сув жиг, жиг за восок и штембили, Комората ќе
објави оглас во “Службен весник на Република Македонија”. Во случај истите
подоцна да бидат најдени, Комората ќе ги поништи така што ќе ги пресече на
два дела.
(6) Издавање на нов печат, сув жиг, жиг за восок и штембили кои се
изгубени или оштетени се врши според постапка предвидена во став (1), (2) и
(5) на овој член. Истата постапка се спроведува и за замена на печат, сув жиг,
жиг за восок и штембили кои се изгубени.
(7) Формата и содржината на печатот, сувиот жиг, жигот за восок и
штембилите на нотарот, како и начинот на нивното издавање, одземање и
поништување ги пропишува министерот.