ТОП 20 НАЈБОГАТИ ЛУГЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ТОП 20 НАЈБОГАТИ ЛУГЕ ВО МАКЕДОНИЈА

3181
0
Сподели

Кои се најбогатите фамилии во Македонија. Официјални информации не можете да добиете. Од оние податоци кои и се достапни на јавноста редакцијата на Македонска борба ја направи следната ранг листа, за која сепак не тврди дека е прецизна и точна.

Еве ја нивната ТОП 20 најбогати ранг-листа:

1. Минчо Јорданов и фамилијата

Најбогатиот човек во Македонија. Тој својата кариера ја започнал во 1992. година кога бил ангажиран во фирмата „Дуферко“ С.А. од Лугано, компанија од челичниот сектор.Компанијата е во мешовита соственост на Јорданов и еден украинец. Од 199.4 година, тој е член на Бордот на директори и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз. Во 1997. година станува претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко“.

Тој поседува 23.22 отсто акции во градежната компанија “Бетон“. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, пак, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР.

Неговото семејство е сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винарниицата „Стоби“ во која инвестираше 20 милиони евра. Јорданов има и кланица и повеќе од 4000 хектари земја.

2. Орце Камчев и фамилијата

Неговото богатење почна во времето на приватизацијата на Македонија спорт од неговиот татко.Се занимаваше долго со лон и извоз на текстил.

Од 2006 година наваму стануваат сопственици на многу компании во Македонија.

Работат со широк дијапазон од здравство до текстил и градба.

Косопственик во болницата Систина,сопственик на Стопанска Банка Битола,ЗИК Пелагонија Битола,косопственик во Лозар-Пелистерка и многу други компании.Преку ЗИК Пелагонија се здоби со управување на 10.000 хектари земја.Не мал е и уделот во медиумскиот сектор но од таму влечи мали профити.

Експанзијата продолжува со несмалено темпо па во следните 2 години е сосема сигурно дека ќе ја достигне големината на империјата на Минчо Јорданов.

3. Штерјо Наков и фамилијата

Наков е третиот најбогат бизнисмен во Македонија. Тој поседува шпедитерска компанија, брокерска куќа, винарска визба и повеќе хотели.

Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни акционери се синовите, Драган Наков кој има 11,83 отсто од обичните акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на „Фершпед“.

Моменталната вредност на акциите на Наков се проценува на 3.5 милиони евра.

Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании.

4. Свето Јаневски и фамилија

Јаневски е на четвртото место. Со купувањето на винаријата „Тиквеш“, а и како сопственик на многу фирми успеа неговиот капитал да се мери со десетици милони евра.

Неговата групација за овие 2 години кешира над 50 милони еур од продажби на компании и банка.

Вредноста на целата негов групација изнесува исто онолку колку и империјата на Орце Камчев. Поседува триесетина ресторани за брза храна Мекдоналдс во регионот од кои најбројни се тие во Бугарија.

5. Живко Мукаетов

Главен менаџер на „Алкалоид“ кој поседува околу 6.58 отсто од вкупно акции во компанијата. Сумата на вкупно акции кои ги има Мукаетов изнесува 6.7 милиони евра. Над 5 отсто од акциите во компанијата поседува и Билјана Јованова. Нејзините акции на берзата се проценети на околку 5 милиони евра

6. Душко Туџаров и фамилија

Туџаров е дел од групацијата „Реплек“ АД Скопје. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто. Компанијата „Реплек“ поседува 9,95 отсто од акциите. Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра.

7. Кристина Тодоровиќ и фамилија

Тодоровиќ е генерален директор на синџирите „Тинекс“ и дрогериите „Космо“. Се смета дека вредноста на акциите на „Тинекс“ е околу 80 милиони евра, кои се наменети за развој и проширување на бизнисот.

8. Шефки Идризи и фамилија

Идризи е еден од најбогатите тетовци. Во 1992 година Шефки Идризи ја отвори фирмата „Ренова“ во село Џепчиште, Тетово, како трговско-услужна фирма. Со своите производи направи револуција на домашниот пазар, а се поголемата побарувачка придонесе да никне и првиот производствен капацитет на готов малтер.

Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет.

Фирмата на Идризи е генерален претставник на боите на „Карбон“ од Загреб.

9. Сашо Давитковски и фамилија

Давитковски е прв човек на „Скопски пазар“. Тој поседува најголем број акции во СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56 проценти, според последните податоци на ЦДХВ.

Заедно, Давитковски поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.

10. Коста Јанковски и фамилија

Бизнисмен кој неговите бизниси дел ги префрли во Црна Гора.

Важи за близок до лидерите на сите партии и од опозиција и позиција.

Увозник на алкохолни и други пијалоци преку неколку компании. Го има ексклузивитетот за низа брендови во регионот. Се смета дека само во Македонија годишните профити му изнесуваат над 5 милони евра.

11. Симон Наумовски и фамилија

Доминанти сопственици на „Витаминка Прилеп“, тој, неговата жена, синот и ќерката.

Изградија голем македонски бренд-„Витаминка“. Сопственици се уште на неколку помали компании, од производство на гас и печатарска дејност и хотел.

12. Благој Механџиски и фамилија

Механџиски е основач на „Зегин“, прва приватна комапнија за продажба и производство на лекови во Македонија, регистрирана во 1989. година.

Се до 2006 година компанијата опстојува со 100 отсто учество од основачот, додека во 2006 година во компанијата влегува странски капитал со 50 отсто учество на странските партнери. Странскиот партнер е „Мајлстон“ од Исланд. Од 2007 година е сопственик на винарницата „Лозар“.

13. Љубисав Иванов-Ѕинго и фамилија

После продажбата на СИЛЕКС банка влезе во доста бизниси. Точниот број на компании во негова сопственост не е познат па неможе точно да се определи неговото богатство.

Поседува над 24 компании, хотели и фабрики, Телевизија Сител и други медиуми.

Се занимаваат и со градба и услуги.

Централниот регистар во Кратово како и Министерството за финансии во Кратово и Скопје не сакаат да дадат точни податоци што се има и е регистрирано од него во Македонија.

Она што е познато се стотиците хектари на земја кои ги поседуваат.

14. Илија Гечев и фамилија

Гечеви ја поседуваат 16. по големина компанија во Македонија ИГМ-Трејд. ИГМ-трејд беше основана како компанија во трговијата со црни и обоени метали. Денес е со книговодствена вредност од десетици милони евра и го прави најголемиот обрт на југот на земјата. Поседуваат големи фабрики за црна и обоена металургија, складови и недвижнини низ цела Македонија.

15. Самакоски и фамилија

Во посед освен МИКРОСАМ имаат фирми во земјата и странство.

Сите компании се на Благоја Самаковски, неговата сопруга, Самоул, Веле Самак, актуелниот вице-премиер за странски инвестиции. Поседуваат недвижнини во странство и компании од висока технологија. Во овој момент основаат академија за високи технологии.

Поседуваат и компанија во Индија и Русија. Најавија и инвестиции во трети земји.

Важи за еден од најбогатите луѓе во Југозападниот дел на Македонија.

16. Срѓан Керим и фамилија

Према достапните податоци во Македонија, медиумите и информациите, поранешниот дипломат на Македонија во ОН, поседува неколку компании и е крупен акционер во низа медиумски компании. Многу богат со недвижнини, станови во неколку европски градови и во Њујорк.

Неговото богатство се проценува на над 15 милони евра. Релациите со Бодо Комбах и МПМ компанијата до неговите посредништва на Балканот го направиле и добар комерцијалист.

Само неговиот возен парк и на неговите е стотици илјади евра. Повеќе за неговото богатство медиумите дознаа од скандалот со шишето и 750.000 евра.

17. Самарџиовски и фамилија

Ја поседуваат Прилепската Пивара заедно со неговата фамилија и имаат многу брендови со ексклузивитети и за Македонија како увозници. Туборг и Пригат како и Пепси кола ги донесе со крупните профити во една од најбогатите фамилии во Македонија.

Поседуваат директно или на име на компанијата и низа недвижности, како станови во Скопје и во други делови во државата. Поседуваат и неколку други компании. Сега компанијата ја води Сашко Самарџиоски, а во техничкиот/производниот дел неговата сестра Панде Самарџиоска.

18. Заев Зоран и фамилија

Неговата фамилија и браќа и братучеди вработуваат преку илјада лица во Струмица и низ Македонија. Се занимаваат со преработка, откуп и пакување на храна и производство на градежни материјали. Најавуваат инвестиции и во наредните години во производството во Стумичкиот регион.

19. Страшо Милковски и фамилија

Сопственик е на „Гранит“ со преку 15%. Има повеќе компании со разна намена,недвижности во голем број. Експанзијата на оваа компанија е голема со отпочнувањето на проектот „Скопје 2014“, но и со влезот на низа странски инвеститори каде што е ангажиран „Гранит“ како изведувач.

Поседуваат и компании во туризмот и хотелиерството.

20. Сиљан Мицевски и фамилија

Мицевски е почесен конзул на Србија кој ја приватизираше градежната компанија Пелистер.

Тој и неговата ќерка имаат низа компании на свое име, а во многу компании се и акционери.

Поседува голема градежна компанија која работи во Битолскиот регион, а фирмите во Скопје на неговата ќерка се во сосема други области.

Денес е еден од најмоќните бизнисмени во Југозападниот дел и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Поседува десетици некретнини во Битола, Охрид, Скопје и цела Македонија.