Вараждин држи се,иде четата на Раул!!!!

Вараждин држи се,иде четата на Раул!!!!

826
0
Сподели

По првите два натпревари Македонија обезбеди пласман во четвртфиналната група на Европското првенство. За два дена ќе знаеме од која позиција ќе се квалификуваме, но „Фалангата“ ќе остане и ќе се зголеми најмалку уште една недела во Хрватска.

На 19, 21 и 23 или 24 јануари Македонија ќе ги игра натпреварите од втората група во среќниот Вараждин. Пред девет години токму во Вараждин ја започнавме серијата на победи со кои стигнавме до најдобриот пласман на Мундијалите.

Дај Боже да биде така успешно, па пак да се вратиме во Загреб во борбата за едно од првите шест места.