Спектакуларно отварање – Штип го добива најдобриот кафе-бар во земјава

Спектакуларно отварање – Штип го добива најдобриот кафе-бар во земјава

1909
0
Сподели

Летната сезона во Македонија подразбира отварање на нови клубови, кафе-барови , ресторани, а токму тоа ќе се случи и на петти јули во Штип, каде ќе биде свечено отворен долгонајвуваниот кафе-бар „Ilusion“, чија задача ќе биде да ги помести границите во ентериерско уредување, да ги врати младите на подиум, да ги донесе најпопуларните артисти од земјава и регионот, задача која треба да донесе резултат на урбано живеење и европски стандарди за работа.

Кафе-бар „Ilusion” се наоѓа во строгиот центар на Штип и ќе се простира на две нивоа и летна тераса. Летово ќе работи со полна пареа и тоа со најдобрите артисти од земјава и регионов, а исто менаџерите на локалот најавуваат техно-фестивали, тематски забави, афтер-ворк забави, забави за понежниот пол , како и латино и коктел забави. На петти јули несомнено е дека ќе има во огромен број на посетители на свеченото отварање, а како гости се поканети луѓе од целата држава, бидејки целта е „Ilusion“ да стане препознатлив бренд.

За атмосферата и отварање за паметење ќе се погрижи овогодинешната преставничка на „Евровизија“ Јана Бурче и нејзиниот бенд до 22 часот, за подоцна ситуацијата кулминира со грчкиот диџеј Арги Роус кој важи за еден од најпопуларните артисти кај нашиот јужен сосед.

Исто така се најавуваат многу пиротехнички матерјали, јавни личности, озвучување и светло на ниво, во еден збор – Штип ќе има забава каква што одамна не видел…